| |

Астронаутите од „Артемис II“ успешно се вратија на Земјата

Астронаутите од мисијата на НАСА „Артемис II“ се вратија на Земјата. Четворицата слетаа крај бреговите на Калифорнија, како што беше планирано од американската вселенска агенција, со што беше постигнат успешен финал на тест-мисијата со обиколка околу Месечината, пренесува БНР.

Ова е прв ваков прелет по период од повеќе од 50 години.

„Артемис II“ е првата мисија со екипаж од програмата на НАСА, чија цел е воспоставување трајно присуство на Месечината, вклучително и преку изградба на база таму, потсетува Франс прес.

Слични Објави