Шестата сезона на популарната бугарска криминалистичка серија„Под прикритие“ почнува на 10 октомври
Шестата сезона на популарната криминалистичка серија на Бугарската национална телевизија „Под прикритие“ ќе почне да се емитува на 10 октомври, во сабота, од 22 часот, јавува БНТ.
Во новата сезона гледачите повторно ќе се сретнат со познати ликови, а актерската екипа ќе биде дополнета и со нови имиња. Уште на почетокот на снимањето, екипата најави дека шестата сезона ќе биде поатрактивна и пообемна од претходните.
Покрај Јулијан Вергов, кон актерската екипа се приклучуваат Павел Иванов, Радина К’рџилова, Климентина Фрцова и Велина Георгиева, кои ќе толкуваат нови ликови во приказната.
Во серијата се враќаат и Иво Андонов, кого го игра Захари Бахаров, Росен Гацов – Куката, во изведба на Маријан Валев, и Тишо – Големиот Близнак, кого го толкува Кирил Ефремов.
Јоана Темелкова ја продолжува приказната на Ниja, ќерката на Петар Туџаров – Џаро, лик кој го игра Михаил Билалов.
Извршен продуцент на шестата сезона е Магардич Халваџијан, а креативен продуцент и сценарист е Димитар Митовски. Режисер е Виктор Божинов.
Сценаристи се Вања Николова, Борислав Захариев и Слави Ангелов, а директори на фотографија се Георги Гвоздев, Радослав Гочев и Мартин Чичов.
„Под прикритие 6“ е дел од филмската продукција на Бугарската национална телевизија.

