Во храмот „Св. Недела“ во Софија беше отслужена панихида во спомен на членовите на ВМРО убиени по 9 септември 1944 г. во Бугарија
Во храмот „Св. Недела“ во Софија беше отслужена панихида во спомен на членови на ВМРО кои во 1946 година биле уапсени или убиени од комунистичката власт во Бугарија, јавува БНТ.
Основна улога во прогонот имаат охриѓанецот Лев Главинчев и министерот за внатрешни работи на Бугарија Антон Југов. Судскиот процес против припадниците на Организацијата се одржува во август 1946 г. Според обвинението, уапсените се обиделе повторно да ја обноват дејноста на забранетата ВМРО.
Непосредно по превратот од 19 мај 1934 година, ВМРО најпрво е прогласена за незаконска и е забранета од новата влада на Кимон Георгиев. По атентатот во Марсеј во октомври 1934 г., во кој Владо Черноземски, припадник на ВМРО ги убива српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ и францускиот министер за финансии Луи Барту, односите на припадниците на Организацијата со власта во Бугарија драстично се влошуваат.

