| |

АНГЕЛ ЏАМБАСКИ: ЗА НАС НЕМА ПОВАЖНО НЕШТО ОД ТОА МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ ДЕЛ ОД ЕУ

„За нас е важно да продолжиме да ја формулираме бугарската политика во однос на Македонија, бидејќи во последната година секакви фактори се обидуваат да влијаат врз Македонија и нејзиното гео-политичко ориентирање. Наш национален интерес таму се луѓето што се декларираат како Бугари и ние треба да ги браниме“, изјави европратеникот од редовите на ВМРО и Европските конзервативци и реформатори, Ангел Џамбаски, во емисијата „Денот почнува“ на бугарската национална телевизија.

Џамбаски истакна уште дека за жал во Македонија продолжува влијанието на Белград, и поради таа причина политиката на Скопје продолжува да биде анти-бугарска. Џамбаски ги коментираше и последните изјави на претседателот Стево Пендаровски истакнувајќи дека Пендаровски се однесува како типичен бугарски политичар.

Бугарскиот европратеник го постави реторичкото прашање, што ќе се случеше ако некој бугарски политичар му кажеше на Пендаровски „говори бугарски“, како што Вучиќ му кажа на Пендаровски да говори на српски, за време на заедничката прес-конференција во Белград.

ЦЕЛОТО ВИДЕО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.

Слични Објави