ЕПП почна постапка против Српската напредна странка
Европската народна партија (ЕПП) почнала постапка против својата придружна членка Српската напредна странка (СНС), изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на форумот „ЕУ се среќава со Балканот“, одржан на 18 септември во Софија, јавува Н1.
Ковачев, кој е шеф на бугарската делегација во ЕПП, рече дека во политичката група се засилуваат критиките кон СНС и српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Доста беше и предолго чекавме – Александар Вучиќ многу долго играше на двете страни“, изјави Ковачев.
Тој оцени и дека пораките на дел од европските лидери кон Вучиќ не се доволно јасни, посочувајќи дека Србија останува важна за Европската унија.
ЕПП неодамна го осуди присуството на високи српски функционери и оддавањето воени почести на погребот на Ратко Младиќ, наведувајќи дека величањето на воени злосторници ја доведува во прашање европската иднина на Србија.

