| |

Бугарската „Био Бугарија“ ја освои EU Organic Awards 2026 за преработка на органска храна

Бугарската компанија „Био Бугарија“, позната по брендот Harmonica, ја освои наградата EU Organic Awards 2026 во категоријата за најдобро мало или средно претпријатие за преработка на органска храна. Признанието беше врачено на 23 септември во Брисел, на Европскиот ден на органското производство, јавува Форбс Бугарија.

Harmonica беше избрана меѓу три финалисти, заедно со шпанската Cantero de Letur и австриската Genusskoarl. Според Европската комисија, бугарската компанија има 47 вработени и повеќе од 30 производи, а наградата ја добива за соработката со локални органски производители, кратките синџири на снабдување, фер-трговијата и јасното потекло на храната.

Компанијата започнала со работа во 2006 година, кога Магдалена Малеева, Љубомир Ноков и Методи Методиев почнале соработка со првите две органски краварски фарми во Бугарија.

Годинава за EU Organic Awards биле поднесени повеќе од 120 кандидатури од Европската Унија, од кои 21 финалист од 12 земји стигнале до завршната фаза. Доделени се седум награди во шест категории.

Наградите ги организираат Европската комисија, Европскиот економски и социјален комитет, Европскиот комитет на регионите, COPA-COGECA и IFOAM Organics Europe, со учество на Европскиот парламент и Советот на ЕУ.



Слични Објави