|

„Глупи август“, „Коњот останува коњ“ – му рече Ковачевски на Лефков одговарајќи му на пратенички прашања

Премиерот Димитар Ковачевски го нарече пратеникот Миле Лефков „глупи август“, по што се извинуваше од собраниската говорница доколку се чувствува навреден. По ова, посочи дека Лефков бил член на СДСМ па преминал во ВМРО-ДПМНЕ чиј пратеник е денеска.

„Идеолошки татко на вас сите, точно е дека Никола Груевски и Сашо Мијалков. Ама една дигресија, идеолошки татко на Миле Лефков не му е ниту Никола Груевски, ниту Сашо Мијалков. Идеолошки татко му е Зоран Заев, Владо Бучковски и Радмила Шеќеринска пошто тој беше член на СДСМ. И знаете зошто мора да прави ‘глупи август’ овде од себе? Затоа што се прави поголем вмровец од вмровците“, рече Ковачевски.

На ова возврати Лефков кој рече: „Одговорот не стигна бидејќи премиерот беше деконцентриран, го бранеше вицепремиерот“.

„За навредата нема да коментирам. Секој епитет се однесува на вас. Кога ќе слушнете глупи август размислете дали се однесува на вас или некој друг. Не беше долично да се слушне од собраниска говорница“, кажа Лефков.

Одговарајќи на последното прашање од Лефков, премиерот кажа дека ќе одговори на ниво на кое тоа е поставено.

„За крај, јас обично секогаш сум се обидувал да одржам ниво на дискусија на ниво кое одговара на соговорниците. Би сакал да ви одговорам на уште една работа, која постојано ја повторувате, вие и вашиот шеф, нов бидејќи имавте бивши кај нас во партијата. И сакам да ви одговорам во шаховски жаргон, како што вие го поставувате: пионот во шаховска табла може да стане и кралица. Ама коњот секогаш ќе остане коњ“, кажа Ковачевски.

И координаторот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, имаше реакција.

„Да се нарече пратеник ‘глупи август’ и да не се го укори, е навистина проблем. Господине премиере, ова е ниско за човек што треба да ја води државата. Барам премиерот да се извини зошто тој е гостин кај нас, треба да одговара на прашања, а не да чита исти текстови што ги читал и вчера. Премиере, ве замолувам и сметам дека може да се издигнете над ова и да не ве слушнам со вашите жалопојки. Господине потрпетесдател на Собранието зачувајте го дигнитетот на Собранието и укорете го премиерот, а премиерот да се извини на сите пратеници, порача координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Слични Објави