Бугарската амбасада во Даблин ја претстави традицијата на кукерите
Амбасадата на Бугарија во Даблин ја претстави бугарската традиција на кукерите со фотографски изложби, предавање, настап во живо и краткометражен филм за време на Ноќта на културата на 18 септември, соопштуваат од бугарското дипломатско претставништво, пренесува БТА.
Настанот е дел од културната рута EUNIC Culture Trail, а програмата беше посветена на кукерскиот ритуал, трансформацијата и културното наследство.
Беа претставени изложбата „Чудовишта и јас“ на д-р Ники Колиер, фотографска изложба на отворено на Дијана Димитрова и нејзиниот краткометражен филм „Наследството“.
Од Амбасадата посочија дека со иницијативата била претставена бугарската култура и наследство, а истовремено биле поттикнати врските меѓу луѓето во Бугарија и Ирска.
