Петрова: Пристапувањето на Република Северна Македонија кон ЕУ треба да се разгледува во рамките на европските институции
Процесот на пристапување на Република Северна Македонија (РСМ) кон Европската Унија е европско прашање, кое треба да се разгледува во рамките на европските институции и во согласност со утврдените правила и процедури. Ова се наведува во став на министерката за надворешни работи Велислава Петрова, испратен до БТА, како одговор на прашање во врска со интервјуто за државната информативна агенција МИА на министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски.
Во ставот се наведува и дека Бугарија ја поддржува работата на Европската комисија со секоја од државите што преговараат за членство, при што ги оценува постигнатите резултати во рамките на Европскиот совет. Добрососедските односи се суштински дел од процесот на пристапување кон ЕУ и неопходен услов за напредок кон членство во Унијата. Тие се и основен предуслов за градење доверба, се наведува во ставот.
Бугарија отсекогаш била и останува отворена за конструктивен дијалог со Република Северна Македонија. Гледаме дека повеќе земји-кандидати постигнуваат значителен напредок во исполнувањето на своите обврски, вклучително и во услови на усложнета безбедносна средина. Очекуваме и Република Северна Македонија да ги исполни преземените обврски и да започне со неопходните промени за да продолжи напред по својот европски пат, соопштија од Министерството за надворешни работи.

