Петрова: Бугарија може да биде стратешка врска меѓу Европа, Црноморскиот Регион, Блискиот Исток и Азија
Стратешката поврзаност беше меѓу главните теми на средбите на бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова во рамките на 81. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, јавува БНТ.
Петрова со претставници на Грузија, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Оман и Ирак разговараше за развојот на транспортните, енергетските и економските врски меѓу Европа, Црноморскиот Регион, Јужен Кавказ, Блискиот Исток и Азија.
„Географската положба на Бугарија е стратешка предност. Време е да ја претвориме во реални транспортни, енергетски и економски врски, инвестиции и партнерства“, изјави Петрова.
Во разговорите биле разгледани и можностите за проширување на економските и инвестициските партнерства меѓу Европа и земјите од Блискиот Исток.
Бугарија во 2027 година ќе биде домаќин на регионален самит за поврзаност, со цел клучните инфраструктурни проекти да бидат поставени во поширока европска рамка и преточени во конкретни инвестиции и партнерства.
