| |

Нема информации за штети или жртви по земјотресот во околината на Пловдив

Нема информации за материјални штети или жртви по синоќешниот земјотрес, кој беше регистриран во регионот на Пловдив и Асеновград со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала. Потресот бил почувствуван во 20 часот и 24 минути синоќа, јавува БНР.

17 последователни потреси се регистрирани по главниот земјотрес во Пловдив со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, при што најсилниот последователен потрес бил 2,4. Последователните потреси ќе продолжат и во наредните денови, објасни проф. Пламена Рајкова – Цанкова, раководител на Катедрата за сеизмологија при Националниот институт за истражувања на Бугарската академија на науките.



Слични Објави