Одбележуваме 111 години од убиството на еден од основачите на ВМОРО Христо Батанџиев, активист на партијата Бугарски конституционни клубови
На 18-ти јуни 1913 г. на пат за островот Трикери во водите на Егејско море е фрлен ХРИСТО ИВАНОВ БАТАНЏИЕВ, еден од основачите на ВМОРО. Убиството е извршено од грчките чувари на бродот.
Роден е 1869 г. во Гуменџе. Од 1888-1911 г. е учител во Солунската Бугарска гимназија и секретар на Бугарската митрополија во Солун. Во октомври 1893 г. е еден от шестте основачи на револуционерниот комитет во Солун, со што е поставен почетокот на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација. По Младотурската револуција од 1908 г. се вклучува активно во Сојузот на Бугарските конституциони клубови во Македонија (кои имале 2 депутати во Османскиот парламент). Во јуни 1913 г., по избувнувањето на Меѓусојузничката војна е уапсеен од грчките власти и заедно со архимандритот Евлоги Светиев и многу други затвореници од Солун е натоварен на брод со цел да биде интерниран на островот Трикери. Загинува по патот.
“Бугарскиот конституционен клуб има за цел:
а) да даде граѓанско и политичко воспитание на Бугарскиот народ во духот на конституционите слободи – областно самоуправување на Македонија и Одринско;
б) да ја пази и развива Бугарската народна култура.“
Целите на програмата и уставот на СОЈУЗОТ НА БУГАРСКИТЕ КОНСТИТУЦИОНИ КЛУБОВИ, Солун, 1908 г.
