Во бугарскиот парламент ќе бидат разгледани четири декларации поврзани со состојбите во РС Македонија
Пратениците во бугарскиот парламент вклучиja во својата програма четири нацрт-декларации поврзани со состојбата во Република Северна Македонија (РСМ), јавува БТА.
Првата е нацрт-декларација во врска со ескалацијата на агресивните антибугарски пројави во РСМ, поднесена од Десислава Атанасова (ГЕРБ-СДС).
Во продолжение следува предлог-декларација во врска со состојбите во РСМ во однос на граѓаните на земјата со бугарска самосвест, поднесена од Андреј Ѓуров („Продолжување на промената“).
Собранието ќе расправа за предлог-декларацијата во врска со насилството врз бугарскиот државјанин Христијан Пендиков во Охрид и јазикот на омраза кон Бугарија од страна на антибугарските екстремисти во РСМ, поднесена од Елисавета Белобрадова („Демократска Бугарија“).
Пратениците ќе разгледаат и предлог-декларација во врска со агресивната антибугарска хистерија што се прошири во Република Северна Македонија, поднесена од Костадин Костадинов од партијата „Преродба“.

