| |

(ВИДЕО) СДСМ: МИЛОШОСКИ ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, БИЛ ОСУДЕН ВО ГЕРМАНИЈА

Според последните информации објавени во медиумите, покрепени и со документи, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антинојо Милошоски, бил осуден за сторени кривични дела во Германија, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„Осуден од суд во Ахен и казнет со парична казна за сторените дела. Според објавениот документ, еден од основите за казната се однесува на ‘кражба и злоупотреба на мала вредност’ и ‘придобивки со измама’, согласно германското законодавство“, рече тој.

Наместо да излезе пред јавноста, додаде Костовски, Милошоски се обиде да се сокрие зад социјалните мрежи и несмасно да обвинува други за шпекулации.

„Неговиот шеф, Христијан Мицкоски, исто така се криеше од јавноста. Но, вистината, како што реков, исплива на виделина, излегоа документи кои го потврдуваат скандалот. Антонијо Милошоски, докажаниот извор на лажни вести, и близок соработник на Мицкоски е фатен во нова лага“, изјави Костовски.

Тој вели дека политичарите имаат обврска и одговороност пред граѓаните и затоа Милошоски треба да се извини и си поднесе оставка.

Слични Објави