(Видео) Пендиков во Студио Аctualno Балкани за студентите од РСМ, кои студираат во Бугарија
Македонскиот Бугарин Христијан Пендиков беше гостин во Студио Actualno Балкани и со водителката Деница Китанова разговараше за студентите од РС Македонија кои студираат во Бугарија. Самиот Пендиков е студент во трета година на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.
Проследете го разговорот за студентите во пресрет на студентскиот празник којшто се слави во Бугарија на Денот на Св. Климент Охридски 8 декември.

