| |

Јоурова: Местото на Бугарија е во Шенген зоната

Местото на Бугарија е во Шенген, изјави во интервју за БНР потпретседателката на Европската комисија Вера Јоурова, која се наоѓа во посета на Бугарија. Таа потврди дека Бугарија ги исполнува сите критериуми за да биде дел од безвизниот простор.

„Европската комисија, која јас ја претставувам, јасно кажа: „Бугарија заслужува наскоро да влезе во Шенген“. Лично, како Чехинка, жалам што тоа не се случи минатата година, кога беше чешкото претседателство. Верувам дека вие Бугарите, ќе направите сѐ што е можно за да ја преминете оваа бариера и да се приклучите на Шенген зоната“, вели Јоурова пред БНР.



Слични Објави