КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ПРЕПОРАЧА УКИНУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС
На денешната Комисија за заразни болести било разговарано за отворање на кафулињата и рестораните од утре, отворање на границите од 1 јуни во договор со соедните држави, како и за укинување на полицискиот час со оглед на тоа што не се почитува, дознава неофицијално „Фокус“.
Ова се заклучоците на Комисијата кои преку министерот за здравство Венко Филипче ќе бидат предложени до владата, која на владина седница го има последниот збор.
Во последните неколку недели, ресорниот министер редовно најавува олабавување на мерките и постепено враќање на животот во нормала, посебно во периодот кога бројките на заразени достигаа од 5 до 7 на дневна основа.
Целиот напис прочитајте го овде.