Софија станува сцена за новата музика со бесплатната фестивална програма на SoAlive 2026
Kerana & Kosmonavtite, Mila Robert, TURBO TRANS TURISTI, Francis On My Mind, Macha Ravel и Korka се меѓу артистите што ќе се вклучат во овогодинешното издание на музичката конференција и фестивал SoAlive Music Conference & Festival во Софија, јавува БГНЕС.
Од клупската сцена и алтернативниот поп до електронската музика и новите независни проекти, фестивалот SoAlive става акцент врз артистичната разновидност и музиката што ја движи сцената напред. Дел од артистите веќе имаат утврдено присуство во Бугарија, додека други се меѓу имињата што дури сега привлекуваат внимание со своето оригинално звучење и сопствен белег. Фестивалската програма ќе се одржи од 14 до 16 октомври, а сцените на Sofia Live Club, Mixtape 5, Soda и Culture Beat ќе пречекаат бугарски и меѓународни изведувачи. Сите концерти се со слободен влез.
Меѓу останатите имиња во програмата се Nikolina Nu/NuWave, OnTheTree, DESI, Peyotoff, MIRAIN, VOLENA, IVA, Izabalien и Telli Davul.
Програмата опфаќа различни жанрови – од клупска сцена и алтернативен поп до електронна музика и независни проекти. Фестивалт е дел од концепцијата на SoAlive, која комбинира професионална музичка конференција со концертна програма.
За време на настанот, меѓународни претставници од музичката индустрија ќе имаат можност да се сретнат со бугарски артисти. Меѓу професионалните сфери застапени на конференцијата се booking , management, фестивали, издавачки куќи (лејбли), медиуми и музички платформи.
Концертите се отворени за сите жители и гости на Софија и не бараат билет или акредитација.
