| |

Би-Би-Си: Цар Самуил се врати во Бугарија по повеќе од 1.000 години – подобро доцна отколку никогаш

Посмртните останки на цар Самуил беа пренесени од Грција во Софија по договор меѓу двете земји, повеќе од 1.000 години по смртта на средновековниот владетел. Би-Би-Си го опишува настанот како долгоочекувано враќање, а во својот прилог наведува: „Подобро доцна отколку никогаш“, пренесува БГНЕС.

Саркофагот со посмртните останки, покриен со бугарското знаме, беше пречекан во Софија со официјална церемонија и воени почести. На настанот присуствуваа илјадници граѓани, претставници на државните институции и на Бугарската православна црква.

Посмртните останки беа откриени во 1965 година при археолошки истражувања на базиликата „Свети Ахил“ на истоимениот остров во Малото Преспанско Езеро. Грчкиот археолог проф. д-р Николаос Муцопулос ги поврзал пронајдените коски со цар Самуил врз основа на археолошки, историски и антрополошки податоци.

Според објавените информации, во рамките на договорот за нивното враќање Бугарија ѝ предала на Грција 48 предмети, главно црковни предмети, стекнати од бугарска страна во 1917 година од митрополиите во Серес и Негрита.

Би-Би-Си во прилогот се осврнува и на спорот околу историското наследство на цар Самуил, наведувајќи дека враќањето на останките предизвикало незадоволство во Северна Македонија поради различните толкувања на неговото историско наследство.

„Но токму тука, во црквата „Света Софија“, тој беше положен на вечен мир“, наведува Би-Би-Си на крајот од прилогот.



Слични Објави