Бугарија со национален штанд на Саемот на книгата во Франкфурт
Бугарија ја претставува современата литература и издаваштво на 78. Саем на книгата во Франкфурт, кој беше отворен на 7 октомври. Земјата учествува по 19. пат со национален штанд, организиран од Асоцијацијата „Бугарска книга“ со финансиска поддршка од Министерството за култура, јавува БТА.
На бугарскиот штанд се претставени актуелни изданија од домашни издавачки куќи, меѓу кои белетристика, стручна литература, книги за деца, наградени и номинирани изданија и преведени книги.
Во програмата учествуваат и бугарски автори. На 9 октомври писателката Елена Алексиева ќе учествува на разговор на романскиот национален штанд, а истиот ден ќе има средба со бугарската заедница во Франкфурт.
На 11 октомври писателката Рене Карабаш ќе разговара со грчкиот писател и преведувач Христос Астериу во рамките на бугарско-грчката дискусија „Transforming Research into Fiction“.
Учеството на Асоцијацијата „Бугарска книга“ на Франкфуртскиот саем на книгата трае до 11 октомври 2026 година.
