(Галерија) Во селото Равда во Бугарија свечено одбележан Денот на Македонија – Свети Дух
Градоначалникот на Несебар, Николај Димитров, на социјалната мрежа Facebook објави фотографии од свеченото одбележување на Свети Дух – Денот на Македонија во селото Равда, Бугарија.
Во рамките на манифестацијата, Македонското братство „Тодор Александров“ од Несебар положи венец на спомен-обележјето посветено на бугарските бегалци од Егејска Македонија во општина Несебар. Ова обележје е откриено на 23 април 2005 година во центарот на Равда, по повод 80-годишнината од преселбата на македонските Бугари од Егејскиот дел на Македонија.
Во знак на почит кон предците, тогашните градоначалници на Несебар и Равда – Николај Трифонов и Љубомир Даменлиев, и двајцата потомци на македонски Бугари од Егеjска Македонија, засадиле јаворово дрво. Во корените на дрвото била положена шепа земја од родните места на нивните предци, донесена од 82-годишната Грозда Терзиева.







