| |

ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО НА ЛЕКАР АНГАЖИРАН ПО НАПАДОТ ВО „ДИВО НАСЕЉЕ“

„Утро, 9 мај 2015 год. едно од најтешките утра во мојот професионален ангажман како лекар. Бев ангажиран во Кумановските настани Диво Насеље. Утрото пред да заминам за Диво Насеље примив повик да заминам со полициски службеник во с. Стајковци и заедно на семејството да им ја соопштиме трагичната и болна вест за загубата на нивниот син, сопруг и татко херојот Бобан Ивановиќ во терористичките напади во Диво Насеље. Утро што остави до денес силна траума во мене. Лелекот на неговите најмили се уште одзвонува во моите мисли, сликите од кршењето на нивните души често репетативно ми поминува пред очи.
Вечна ти слава хероју!
Вечна слава на сите синови што загинаа за Македонија.
Вечнаја Памјат!“, пишува д-р Кирил Лазов.



Слични Објави