„МАКЕДОНСКА ПОШТА“ СЕ ИЗВИНИ ЗА МАРКАТА СО ГОЛЕМА ХРВАТСКА И ГИ РАЗРЕШИ ОДГОВОРНИТЕ ЗА ГРЕШКАТА

/

АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје се извинува за, како што наведува, ненамерната грешка и техничките пропусти при објавување на пригодната поштенската марка од серијата „Северна Македонија во ЕУ“ чија цел е одбележување на претседавањето на Република Хрватска со ЕУ.

На поштенската марка претставена е погрешна карта на Република Хрватска и другите земји од регионот и поради тоа марката веднаш е повлечена од употреба што подразбира поништување на целокупно издадениот тираж од 6000 (шест илјади) примероци.

„Изразуваме жалење за ненамерната грешка, особено што, издавањето на серијата поштенски марки „Северна Македонија во ЕУ“ се поклопува со 9 Мај, Денот на Европа. Наша цел беше со оваа поштенска марка да изразиме благодарност до Хрватското претседателсво со  ЕУ за помошта и поддршката која Република Хрватска и ја дава на нашата држава“, се вели во соопштението од АД „Пошта на Северна Македонија“.



Поради направената грешка, Управниот одбор на Друштвото донел одлука за повлекување од употреба и уништивање на поштенската марка „Северна Македонија во ЕУ“, мотив „ Хрватска (Загреб)“ со тираж од 6000 примероци и номинална вредност од 72,00 денари. Доесени се и одлуки за разрешување на раководителот на Бирото за филателија и за разрешување на Советот за поштенски марки



Претходна статија

ОПШТИНА ЦЕНТАР ДОБИ СПОМЕНИК НА БОЛШЕВИЧКАТА ЦРВЕНА АРМИЈА

Следна статија

ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО НА ЛЕКАР АНГАЖИРАН ПО НАПАДОТ ВО „ДИВО НАСЕЉЕ“

Најново од Вести