Отец Зоран Мамучевски со непријатна вест: Социјалната кујна „Леб на милоста“ во Горна Орјаховица затвора по 8 години хуманост
Социјалната кујна „Леб на милоста“ при храмот „Св. Три Светители“ во бугарскиот град Горна Орjaховица ќе престане со работа на 29 јуни 2025 година, по повеќе од осум години пожртвувана грижа за најранливите. Веста ја соопшти отец Зоран Мамучевски преку социјалната мрежа Facebook.
Преку оваа мисија, стотици луѓе – стари, самотни, бездомни и лица со попреченост – добиваа топол оброк и човечка поддршка. Но, поради организациски и финансиски тешкотии, проектот мора да запре. Од храмот информираат дека обидите за институционална помош не дале резултат.
Отец Зоран Мамучевски им се заблагодари на сите дарители, волонтери и поддржувачи, со порака дека иако кујната затвора, духот на милосрдието ќе продолжи да живее преку нови форми на служење.