Стотици софијанци, шестмина министри и градоначалникот на Софија се вклучија во Софискиот маратон
Стотици луѓе се вклучија во Софискиот маратон, јавува БГНЕС.
Стартот го означи министерот за млади и спорт Енчо Керјазов, кој исто така се вклучи во трката.
Во трката на 5 километри учествуваат и министерката за труд и социјална политика на Бугарија, Наталија Ефремова, министерката за здравство Катја Ивкова, министерот за култура Евтим Милошев, министерот за туризам Илин Димитров, министерката за животна средина и води Росица Карамфилова и градоначалникот на Софија Васил Терзиев.
Трасата по која ќе трчаат учесниците започнува од Националната уметничка галерија, на плоштадот „Кнез Александар I“, и продолжува по булеварот „Цар Ослободител“ – булеварот „Кнегиња Марија Луиза“ – плоштадот „Лавов мост“ – булеварот „Кнегиња Марија Луиза“ – булеварот „Витоша“ – улицата „Алабин“ – улицата „Ген. Ј. В. Гурко“ – улицата „Г. С. Раковски“ – булеварот „Цар Ослободител“ – булеварот „Васил Левски“ – улицата „Обориште“ – плоштадот „Александар Невски“ – булеварот „Цар Ослободител“, а завршува кај Националната уметничка галерија, на плоштадот „Кнез Александар I“.
