| |

Изложба посветена на свети Лука ќе обедини дела на 40 ликовни уметници во Благоевград

Заедничка ликовна изложба со 73 дела од 40 автори од Благоевград и регионот ќе биде отворена на 16 октомври, петок, во 18 часот во Градската уметничка галерија во Благоевград. Изложбата е посветена на светиот апостол и евангелист Лука, кој се смета за заштитник на зографите и ликовните уметници, соопштија од галеријата, пренесува БТА.

Поставката опфаќа сликарство, графика, скулптура и применета уметност, вклучително и резба во дрво. Учествуваат етаблирани творци и млади автори, чии дела ја претставуваат разновидноста на современата уметност во Југозападна Бугарија.

Изложбата има натпреварувачки карактер. Тричлено жири ги оценило делата и доделило три рамноправни награди, обезбедени од Општина Благоевград.

Имињата на наградените автори ќе бидат објавени на отворањето, а наградените дела ќе останат во фондот на Градската уметничка галерија.

Според организаторите, изложбата им оддава признание на творците и на нивната мисија да го зачувуваат, преосмислуваат и збогатуваат светот преку моќта на уметноста.



Слични Објави