|

Претседателката на бугарскиот парламент ќе учествува на европска парламентарна конференција во Рим

Претседателката на бугарскиот парламент Михаела Доцова, ќе учествува на Европската конференција на претседателите на парламентите на земјите членки на Советот на Европа на 15 и 16 октомври 2026 година во Рим, соопшти прес-центарот на парламентот, пренесува БТА.

Главните теми на форумот се „Отпорни демократии: обединети против хибридните закани“, „Вештачката интелигенција и пазарот на трудот“ и „Обновување на меѓународниот поредок заснован на правила: улогата на парламентите во справувањето и одговорот на современите кризи“. Претседателката на Народното собрание ќе има обраќање на тема „Обновување на меѓународниот поредок заснован на правила: улогата на парламентите во справувањето и одговорот на современите кризи“.

Конференцијата ќе ја отворат претседателот на Домот на пратениците на Италија, Лоренцо Фонтана, претседателот на Сенатот на Италијанската Република, Игнацио Ла Руса, претседателката на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Петра Баир, и министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани. Во рамките на форумот, претседателката на бугарскиот парламент ќе има билатерални средби со свои колеги.

Слични Објави