|

Меѓународна конференција во Софија по повод 35 години од создавањето на Уставниот суд на Бугарија

Меѓународна конференција по повод 35-годишнината од создавањето на Уставниот суд на Република Бугарија ќе се одржи во Софија. Темата на форумот е „Улогата на уставните судови во гарантирањето на владеењето на правото“, јавува БТА.

На настанот се очекува да присуствуваат официјални претставници и делегации на уставни јурисдикции од 31 држава од Европа, Азија и Африка. Тие ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со составот и независноста на уставните судови, извршувањето на нивните одлуки од страна на другите државни органи, како и за практиката на уставните јурисдикции во услови на криза.

Конференцијата ќе ја отвори претседателката на Уставниот суд на Бугарија, Павлина Панова. Свои официјални поздравни обраќања од Софија ќе упатат и Ејрик Холмјовик, заменик-претседател на Венецијанската комисија, Александар Корнезов, судија во Судот на Европската Унија, Маријана К’нчева, судија во Општиот суд на Европската Унија, и Дијана Ковачева, судија во Европскиот суд за човекови права.

Слични Објави