Бугарската рок група АХАТ одбележува 40 години со јубилејна турнеја во Бугарија и Велика Британија
Бугарската рок-група АХАТ ќе одбележи 40 години од своето основање со јубилејна турнеја во десет градови во Бугарија и Велика Британија. Турнејата ќе започне на 7 ноември во Габрово, а ќе заврши на 31 декември со концерт во Велико Трново, јавува Актуално.
На сцената ќе настапат Ѕвезди Керемиџиев, Денис Ризов и Антониј Георгиев – Тонто, заедно со Камен Граховски на гитара и Алекс Лазаров на тапани. На концертите ќе бидат изведени песни од албумот „Походот“ и познати рок-хитови од дискографијата на групата.
По Габрово, АХАТ ќе настапи во Плевен на 8 ноември, Стара Загора на 12 ноември, Пловдив на 13 ноември, Варна на 15 ноември, Русе на 16 ноември, Јамбол на 18 ноември и Софија на 28 ноември. На 11 декември групата ќе одржи концерт во Лондон.
АХАТ е основана во 1986 година и годинава одбележува четири децении присуство на бугарската рок-сцена.
