Софија одбележува 120 години од формирањето на првиот мандолински оркестар во бугарскиот главен град
Културниот центар „Струни“ во октомври 2026 година организира серија настани по повод 120-годишнината од основањето на првиот мандолински оркестар во Софија, јавува БНР.
Програмата предвидува издавање монографија од Лора Недјалкова, предавање на диригентот, мандолинист и градител на инструменти Пламен Маслев, како и повеќе концерти.
Одбележувањето започнува на 18 октомври со настап на квартетот „Златни струни“, а централниот концерт ќе се одржи на 24 октомври во Централниот воен клуб во Софија со оркестарот „Прима визионе“. На концертот ќе бидат изведени специјално аранжирани дела на Атанас Ковачев, диригент на првиот софиски мандолински оркестар, како и светска премиера на композиција посветена на Софија од грчкиот композитор Никос Харизанос.
Во проектот учествуваат и повеќе солисти и детскиот хор VOX ANGELORUM.
Авторката Лора Недјалкова вели дека истражувањето на историјата на мандолинските состави започнало уште во 2020 година. Поради ограничените пишани извори, значаен дел од материјалот бил собран преку интервјуа со поранешни членови на ансамблите и нивните семејства. Монографијата содржи околу 170 страници текст и богат досега необјавен фотографски материјал.
