|

Практична обука за учесниците во 35. бугарска антарктичка експедиција

Учесници во 35. бугарска антарктичка експедиција денеска поминаа практична обука за безбедно користење чамци и носење суви заштитни костуми, јавува БТА.

Научници и логистичари кои првпат ќе учествуваат во експедицијата добија инструкции за правилно облекување и соблекување на костумите, како и за безбедно качување и слегување од чамците.

Обуката е дел од тренинг-кампот за подготовка на учесниците во експедицијата, а ја спроведоа искусни логистичари. Присуствуваа и претставници на Националниот центар за поларни истражувања и командирот на бугарската антарктичка база „Св. Климент Охридски“.

Чамците се користат и за логистички операции и за научни проекти меѓу бугарскиот истражувачки брод и антарктичката база. Организаторите нагласија дека при секое излегување на вода најважно е строго да се следат инструкциите на водачот на чамецот.

Слични Објави