Одобрена паралелка на бугарски јазик во гимназијата во Цариброд
Гимназијата „Св. св. Кирил и Методиј“ во Цариброд доби согласност од Министерството за образование на Србија за отворање паралелка во прва година со настава на бугарски јазик, потврди директорот Братислав Стаменов за ФАР.
Во паралелката на бугарски јазик ќе учат осум ученици, додека во паралелката со настава на српски јазик се запишани 20 ученици.
Според Стаменов, одлуката овозможува учениците да го остварат правото на образование на мајчин јазик и да продолжи наставата на бугарски, која во гимназијата се спроведува од 2009 година.
Првичното барање на училиштето било одбиено на 21 септември, но Министерството повторно го разгледало случајот и донело позитивна одлука.
Директорот им се заблагодари на бугарската Амбасада во Белград, Генералниот конзулат во Ниш, Националниот совет на бугарското национално малцинство и на локалните институции за поддршката во обезбедувањето продолжување на наставата на бугарски јазик.
