БИРО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ „СЕВЕРНА“ МКД

Извинете господа. Јас не ставив лајк на последната фб објава на Премиерот. Не се потпишав за ниту еден претседателски кандидат и не онанирам на вашите спектакуларни наслови, кој со кого го избришал патосот, и се увлекол во газето на својот политички духовен водач.

Извинете господа, ја неам слика со вашите вождови и непоимливо ми е наши работодавци да бидат шефовите на моќните политички елити.

Извинете што нема да ме видите да тропнам на вашата врата, да запослите некое мое дете, затоа што и онака од тие вашите, државава ни отиде у колапс. Земја со најмногу министерства, најбројна администрацијата, а земја со толку мртви институции и никаков сервис за своите граѓани. Крчмете од она што треба да е сретство за развој и поттик на создавањето, затоа што уништувачите и паразитите во општеството ни се апсолутно мнозинство. Вчера лапаа едните, денес нека полапаат другите.

Само каде да се сместиме ние останатите кои што не лапаме ни таму ни ваму, и чекаме овие нивните стада веќе еднаш да се најадат? Има ли наситка од тие вашите деца, швалерките, кумчињата, сесрињата и ќерињата? И дали веќе еднаш бирото за вработување ќе стане единственото место каде што ќе се чека ред за работно место?

Извинете ви се молам, ама тоа не е можно. Лепачите на плакати, редарите, лајкувачите, оние со селфи фотки со десподите, тропаат, гребат по тоа вратите да прашаат нешто и да им се заврши работа. Каде да одиме ние, кои не сме клекнати и не сакаме да клекнеме, да го дадеме последното нешто кое ни остана, човечкото достоинството? Има ли место за нас под ова наше Северно сонце, или да фатиме подобро место во наредните години, циркузот наречен реформирана и европска Република Северна Македонија, да го гледаме на раат, од ВИП ложата?

За леб секако нема да умреме, а и насмевката нема да ја загубиме и да останеме уште неколкумина во публиката. Додека во една трагикомична драма, се дораскрчмува се она што некогаш беше држава!

Автор: Булеварко