| |

ЗАЕВ: ПЕНДАРОВСКИ Е БЕЗБЕДЕН

Кандидатот за Претседател Стево Пендаровски е безбеден, тврди премиерот Зоран Заев. Според неговите информации тој не бил следен од наводни тајни служби туку само фотографиран од одредени лица.

Пендаровски го тврди спортивното. И тој и неговото семејство се следени 24 часа од луѓе вработени во администрацијата, кои биле блиски на опозицијата. Случајот го пријавил вчера во полиција .

Министерот Оливер Спасовски вели дека се работи на случајот и наскоро ќе излезат со податоци.

ВМРО ДПМНЕ обвини дека со ова Пендаровски си прави алиби за својот втор пораз.

ВМРО ДПМНЕ уште еднаш го повика МВР да открие кои наводни служби и за какви цели го следат Пендаровски.

Извор: Локално



Слични Објави