ОТВОРАЊЕ НА СПОМЕН-СОБА НА НИКОЛА БАДЕВ ВО КАВАДАРЦИ
Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци денеска (26 октомври) во 19:00 часот ќе се одржи концерт по повод 100-годишнината од раѓањето на големиот изведувач Никола Бадев, чии песни ќе бидат исполнети од познати кавадаречки музичари.
Пред концертот, во 18:00 часот, во Музејот на вкусовите во Кавадарци ќе биде отворена и Спомен-соба на Никола Бадев каде што во рамките на постојаната поставка ќе бидат претставени фотографии, лични предмети, инструменти, лични документи, постери, видеоленти, касети, камери, фотоапарати и слично.
