ПРЕТСТАВАТА „НА ЗДРАВЈЕ“ ПРЕМИЕРНО ВО НАРОДНИОТ ТЕАТАР ВО СТРУМИЦА
В сабота со почеток во 20 часот во Народниот театар при Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се одигра претставата „На здравје“ работена по текст на Жан Пол-Канитино и Шерил Барет, во режија на Катица Џишева Дупарова и Даниела Џишева.
Улогите ги толкуваат: Стефчо Стефанов, Ивана Кркотиќ Прошевска, Силвестер Проле, Петар Јанчев, Каме Ќаев, Мирјана Крстева Массетти, Виктор Вегов, Илија Влахов, Димитар Бучков и др.