| |

Швајцарскиот хор „Knabenkantorei Basel“ ја започна турнејата во Бугарија со концерт во Пловдив

Швајцарскиот момчешки хор „Knabenkantorei Basel“ ја започна својата турнеја во Бугарија со заеднички настап со пловдивскиот детски хор „Детска китка“ во Епископската базилика во Пловдив, соопшти Амбасадата на Швајцарија во Бугарија.

Турнејата опфаќа три концерти во Бугарија, по што хорот ќе продолжи во Букурешт. Настапите се дел од програмата „Швајцарски денови 2026“, со која се одбележуваат 110 години дипломатски односи меѓу Швајцарија и Бугарија.

На концертот во Пловдив, на 70-те пејачи од Базел им се придружи хорот „Детска китка“, еден од најистакнатите детски хорови во градот, се наведува во објавата на Амбасадата.

„Оваа соработка е прекрасен пример за тоа како културната размена ги поврзува заедниците, им дава можност на младите таленти да се претстават и гради трајни пријателства преку границите“, порачаа од Амбасадата.

Турнејата се реализира со поддршка на Швајцарскиот совет за култура „Про Хелвеција“.

Слични Објави