| |

Претседателски избори во Бугарија: Излезноста до 14 часот е 15,5%

Излезноста на претседателските избори во Бугарија до 14 часот изнесува 15,5%. Ова го покажуваат податоците на агенцијата „Галуп“, јавува БГНЕС.

Изборниот ден засега се одвива мирно. Гласањето започна во 7:00 часот и завршува во 20:00 часот, а доколку има гласачи што чекаат, може да биде продолжено до 21:00 часот. Ако ниту еден кандидатски пар за претседател и потпретседател не ја добие потребната поддршка за победа во првиот круг, вториот круг е закажан за 1 ноември.

Слични Објави