| |

Бугарија се приклучува кон договорот меѓу Франција и Данска за заедничка набавка на ракети за Воената морнарица

Бугарската влада го одобри пристапувањето на земјата кон Рамковниот договор меѓу Франција и Данска за заедничка набавка на системи VL MICA и го овласти министерот за одбрана да преговара и да го потпише договорот меѓу министерствата за одбрана на трите држави, јавува Армимедија.

Проектот „Набавка на противвоздушни ракети VL MICA“ е вклучен во Националниот план за инвестиции во европската одбранбена индустрија во рамки на инструментот SAFE. Со проектот е предвидена испорака на 32 противвоздушни ракети VL MICA и поврзани услуги, при што Франција е водечка држава во постапката. Ракетите се наменети за системот за противвоздушна одбрана на повеќенаменските патролни бродови на бугарската Воена морнарица.

Следните чекори во реализацијата на проектот се усвојување на проект за инвестициски расход од страна на Народното собрание и потпишување поединечна нарачка според образецот од Рамковниот договор. Во поединечната нарачка ќе бидат утврдени конкретните финансиски параметри и роковите за реализација.

Слични Објави