| |

Во Софија одбележани 100 години од отворањето на првиот дел од Рилскиот водовод

Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија (УАСГ) во Софија на 26 октомври одбележа 100 години од отворањето на првиот дел од Рилскиот водовод и 135 години од раѓањето на неговиот главен проектант, градител и инженер Иван Иванов, соопшти универзитетот на својата фејсбук-страница.

На свеченоста, одржана по повод Денот на градежниците во Бугарија, градоначалникот на Софија, Васил Терзиев, најавил дека ќе поднесе предлог за поставување споменик на инженер Иван Иванов.

Настанот собрал претставници на академската заедница, државните и општинските институции, професионалните организации и секторот за водоснабдување. Научната програма ја претставила историјата на водоводот и отворила прашања за иднината на водоснабдувањето.

Во рамките на одбележувањето, во универзитетот се поставени четири изложби. Изложбата „Рилскиот водовод“ во салата „Храбар Попов“ е отворена до 7 ноември, а изложбата „Иван Иванов“ во фоајето пред Аула Максима може да се посети до 30 ноември.

Лични предмети и документи на инженер Иван Иванов се изложени во салата А205, заклучно со 29 октомври. Изложбата „Сеќавање на инженер Иван Иванов“, поставена на отворено пред универзитетот, ќе трае до 31 декември.

„Запознајте се со историјата на инженерското дело што го промени развојот на главниот град и продолжува да ѝ служи на Софија и денес“, наведуваат од УАСГ.

Изложбите се наоѓаат на булеварот „Христо Смирненски“ бр. 1 во Софија.

Слични Објави