| |

„Солидарни сме со Бугарија“: Грција ги осуди нападите врз бродови во Црното Море

Грција остро го осуди нападот со морски дронови врз трговски брод во грчка сопственост во Црното Море, во близина на бугарскиот брег, кој по нападот потона, јавува Актуално.

Грчкото Министерство за надворешни работи соопшти дека ваквите напади се неприфатливи, ги загрозуваат човечките животи и претставуваат сериозна закана за безбедноста на пловидбата. Атина изрази солидарност со Бугарија и побара одговорните за нападот да бидат повикани на одговорност.

Станува збор за контејнерскиот брод „Contship Jet“, кој пловел под либериско знаме и бил во грчка сопственост. Бродот бил погоден од три морски дронови во бугарската ексклузивна економска зона. Сите 18 членови на екипажот биле спасени.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во обраќање пред Советот за безбедност на ОН, го осуди нападот и повика на глобално поморско примирје што ќе овозможи трговските бродови безбедно и слободно да пловат и во услови на конфликт.

Тој предупреди дека нападите врз трговското поморство ги зголемуваат транспортните и осигурителните трошоци, што на крајот се одразува и врз цените што ги плаќаат потрошувачите.

Слични Објави