| |

БКИЦ: Книгата „Гласовите на модата“ од Нели Митева ќе биде претставена во Скопје

Книгата „THE VOICES OF FASHION“ („Гласовите на модата“) од Нели Митева ќе биде претставена утре во 16 часот во Музејот на современата уметност во Скопје, во рамките на програмата на Fashion Weekend Skopje 2026, соопшти Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

Изданието е антологија на современиот бугарски моден дизајн и претставува 30 авторски гласови што ја обликуваат модната сцена во Бугарија.

Преку приказни, творечки визии и препознатливи стилови на етаблирани дизајнери и автори во подем, книгата ги прикажува разновидноста, одржливоста и развојот на идентитетот на бугарската мода.

Промоцијата следува по отворањето на Fashion Weekend Skopje и претставувањето на изложбата „5+5 / УМЕТНОСТ + МОДА“.

Настанот ќе се одржи со поддршка на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

Слични Објави