Читалиштата во Бугарија веќе 170 години ги поврзуваат културата и образованието
Општина Габрово, по повод 170-годишнината од почетоците на читалишната дејност во Бугарија, ја истакна улогата на овие културно-просветни установи во зачувувањето на јазикот, фолклорот, обичаите и историската меморија.
Во објавата на општината се наведува дека бугарските читалишта, чии почетоци датираат од 1856 година, низ генерациите се развивале како средишта на знаењето, творештвото и општествениот живот. Тие ги поврзуваат луѓето и овозможуваат учество во културниот живот на локалните заедници.
„И денес читалиштата продолжуваат да бидат живи простори за средби меѓу традицијата и современоста, за изразување на уметниците аматери и творците, за развој на талентите и за зачувување на локалниот идентитет“, се наведува во објавата.
Од Општина Габрово нагласуваат дека значењето на читалиштата се огледа и во пренесувањето на културното наследство на младите.
„Нивната дејност е доказ дека културното наследство се зачувува не само преку сеќавањето на минатото, туку и преку неговото активно пренесување на следните генерации“, порачуваат од општината.
