| |

Во Благоевград отворено петтото издание на Балканскиот театарски фестивал

Петтото, јубилејно издание на Балканскиот театарски фестивал 2026 беше отворено во Благоевград, Бугарија, со огнен перформанс и претставата „Слики од една егзекуција“, соопшти Драмскиот театар „Никола Вапцаров“ од Благоевград.

Фестивалската вечер започна со „Огнени импресии“ на Театарот на огнот и сенките Fireter, а фестивалот официјално го отвори директорката на благоевградскиот театар, Маргарита Мачева.

Основната програма започна со „Слики од една егзекуција“ од Хауард Баркер, во режија на Стајко Мурџев, во изведба на Драмско-куклениот театар „Иван Радоев“ од Плевен. Според организаторите, публиката ја поздравила претставата со бурни аплаузи.

По изведбата се одржа разговор со актерската екипа за темите што ги отвора претставата, актуелноста на текстот и современиот режисерски пристап.

„Заедно со актерската екипа разговаравме за прашањата што ги поставува претставата, зошто текстот и натаму е актуелен и како современото режисерско толкување го доближува до денешниот гледач“, наведуваат од театарот.

Организаторите најавија уште шест фестивалски дена. Балканскиот театарски фестивал 2026 се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура на Бугарија, а меѓу партнерите се Општина Благоевград, Бугарската национална телевизија и Бугарското национално радио – Благоевград.

Слични Објави