|

Автомобил излетал од автопатот кај Миладиновци, тешко повредени тројца пензионери и жената-возач

Четворица луѓе се повредени вчераутро, кога нивниот автомобил излетал од автопатот во близина на наплатната рампа кај Миладиновци, соопшти МВР.

„На 29.10.2022 во 09.50 часот било пријавено дека на автопат Скопје–Куманово, пред наплатна станица Миладиновци, патничко моторно возило “пежо” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(52) од Скопје, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Л.И.(77), Б.И.(81) и М.Д.(75) сите од Скопје, а со телесни повреди се здобила Б.Б. констатирани во Градската општа болница “8-ми Септември” и Градската општа болница “Св.Наум Охридски”“, велат од полицијата.



Слични Објави