(Видео) Поранешниот директор на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје доц. д-р Спас Ташев најави основање на нов македонско-бугарски клуб, кој ќе ја популаризира борбата на македонските Бугари за нивните човекови права
Бугарскиот научник и поранешен директор на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, доц. д-р Спас Ташев, преку видео обраќање во социјалната мрежа Facebook најави основање на македонско-бугарски клуб во Бугарија.
Новиот културен центар, како што вели Ташев, ќе има за цел да ја популаризира борбата на македонските Бугари за нивните човекови права од 1944 г. до денеска.
„Решив да отворам приватен македонско-бугарски културен клуб во Родопите, кој навистина нема никаква врска со властите крај Вардарот. Но, за сметка на тоа, тој ќе има што да и покаже на бугарската и светската јавност за злосторствата што биле извршени. Почнуваме да подготвуваме изложби и публикации за борбата на македонските Бугари од 1944 година до денес, за ивните човекови права“, вели доц. д-р Ташев, во постот над објавеното од самиот него видео.