| |

Бугаринот Карлос Насар е најдобар светски кревач на тегови според системот GAMX

Бугарскиот репрезентативец Карлос Насар е најдобар кревач на тегови во светот според системот за бодување GAMX, кој го користи Меѓународната федерација за кревање тегови за оценување на натпреварувачите од различни тежински категории, јавува БГНЕС.

Насар го зазема првото место на светската ранг-листа со 1.298,05 бодови, пред Пјол Пак од Северна Кореја и Мохамед Јунес Ел Сајед од Египет, кои се на втората и третата позиција.

Пак е светски шампион во категоријата до 70 килограми, додека Ел Сајед ја освои светската титула во категоријата до 85 килограми.

Бугарскиот спортист на 7 ноември се врати во својата татковина, откако на Светското првенство во Нингбо, Кина, ја освои својата четврта светска титула.

Насар доминираше во категоријата до 95 килограми, поставувајќи неколку светски рекорди и убедливо надминувајќи ги своите конкуренти.

Слични Објави