| |

Урсула фон дер Лајен на 10 ноември ќе ја посети Бугарија и ќе се сретне со бугарскиот премиер Румен Радев во Варна

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на 10 ноември ќе го посети бугарскиот град Варна, каде што ќе се сретне со бугарскиот премиер Румен Радев и ќе го посети Високото поморско училиште „Никола Јонков Вапцаров“ пренесува БГНЕС.

Посетата на Бугарија, исто така, ќе биде посветена на безбедноста во Црноморскиот Регион и заштитата на поморските транспортни рути, во услови на зголемени ризици за трговската пловидба.

Денеска, 9 ноември, фон дер Лајен пристигнува во Романија во рамките на посетата на земјите од Црноморскиот Регион. Во Букурешт таа ќе се сретне со романскиот претседател Никушор Дан и премиерот Лука Никулеску. .

Според најавената програма, фон дер Лајен во 15:30 часот по локално и бугарско време ќе биде примена од претседателот Никушор Дан во претседателската палата „Котрочени“ во Букурешт. Предвидени се билатерални разговори, како и средба во проширен состав.

За време на престојот во романската престолнина, претседателката на Европската комисија ќе разговара и со премиерот Лука Никулеску.

Посетата се одвива во услови на зголемени тензии во Црноморскиот Регион и зачестени напади со беспилотни летала врз трговски бродови. Безбедноста во Црното Море се очекува да биде една од главните теми на разговорите.

На дневен ред се и прашањата поврзани со европската одбрана и безбедност, енергетиката, конкурентноста на Европската Унија и идниот повеќегодишен буџет на Унијата за периодот 2028–2034 година.

На 11 ноември, претседателката на Европската комисија ќе престојува во турскиот град Анталија, каде што ќе учествува на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP31.

Слични Објави