Националниот парк „Пирин“ во Бугарија одбележува 64 години од основањето
Националниот парк „Пирин“ во Бугарија одбележува 64 години од основањето. На 8 ноември 1962 година бил основан како Народен парк „Вихрен“, со цел заштита и зачувување на природното богатство на планината Пирин, јавува Пиринско.
Низ годините, површината на паркот повеќепати се проширувала, од првичните 6.736 хектари на денешните 40.356 хектари. Во 1974 година го добил името „Пирин“, а во 1999 година неговиот статус бил променет од народен во национален парк.
Во 1983 година паркот бил вклучен во Списокот на светското природно наследство на УНЕСКО, како признание за неговата исклучителна природна вредност.
И покрај промените на името, статусот и површината, основната мисија на паркот останува непроменета – зачувување и заштита на природното богатство на Пирин за идните генерации.
