Претседателката на Европскиот парламент изрази сочувство до Бугарија по верижните сообраќајни несреќи
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, денеска изрази сочувство до Бугарија по вчерашните верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“, во кои загинаа 11 лица, јавува БТА.
„Европскиот парламент тагува заедно со Бугарија. Со сочувство. Во спомен на загинатите“, напиша Мецола во објава на бугарски и англиски јазик на социјалната платформа Икс.
Знамињата на институциите на Европската Унија во Брисел и Стразбур се спуштени на половина копје во знак на солидарност со Бугарија по повод прогласениот ден на жалост.
Европейският парламент скърби заедно с България. Със съпричастност. В памет на загиналите. 🇪🇺🇧🇬 @Europarl_EN mourns with Bulgaria. In grief. In solidarity. https://t.co/1zwUGYLu2A— Roberta Metsola (@EP_President) November 11, 2026
